„Старта дама“ подготви 120 милиони евра за Кристијано Роналдо

 

Италијанскиот великан Јувентус е сериозен во намерите Кристијано Роналдо да го донесе во Торино.

Шпански весник на својата насловна страница го има Роналдо и најавата дека веројатно ќе го напушти Реал. Овој весник секогаш добро знае што се случува во Реал.

Според овој извор, иако откупната клаузула за Роналдо изнесува 900 милиони евра, во Јувентус биле сигурни дека ќе го добијат Португалецот за многу помала сума. Во Торино биле подготвени да му понудат четири годишен договор вреден 120 милиони евра.

Роналдо има договор со Реал кој истекува во 2021 година, а изминатите неколку месеци најмногу се шпекулира дека би можел да се пресели во ПСЖ.

Од друга страна челниците на „старата дама“ веруваат дека со Кристијано Роналдо конечно ќе ја освојат титулата во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави