Владата ќе го менува Законот за минимална плата

Владата планира да дава финансиска поддршка за фирмите кои на вработените ќе им исплаќаат плата пониска од минималната. Деталите на предлог законот кој Владата планира да го донесе по скратена постапка не се соопштуваат.

 

„Со предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, за кој министрите се согласија дека треба да се донесе по скратена постапка, се уредува финансиска поддршка за раст на платите во повисок износ од минималната плата. Целта е да се поттикнат работодавачите да исплаќаат плати на работниците во повисок износ од минималната плата утврдена со овој закон, за подобрување на економскиот стандард и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија. Со предложените измени и дополнувања на Законот за исплата на минимална плата во Република Македонија ќе се поттикне спиралата за покачување на платите. “ – стои во соопштението од последната седница на Владата.

Треба да знаете
Последни објави