Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 18:15 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Додека К. К. (40) од Адена, Република Турција, бил во такси возило, две непознати лица физички го нападнале, при што интервенирало обезбедувањето од аеродромот, а лицата избегале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на настанот.