Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.
Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова како член на второстепената комисија и поранешните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ), Маја Парнарџиева – Змејкова и Џемали Мехази.
Кривични пријави се поднесени и против членовите на првостепената лекарска комисија, односно Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како и против членовите на второстепената комисија, Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов и Елена Трпковска.
На претходното рочиште судењето беше одложето поради отсуство на повеќе обвинети.