Турција денеска објави декрет со кој на претседателот му се пренесуваат нови овластувања, по менување на парламентарниот во претседателски систем. Со декретот се менуваат повеќе закони, меѓу кои и закони од 1924 година, со кои овластувањата од премиерот и од владините минситри се префрлаат на претседателот.
Минатата година на референдум Турците изгласаа земјата да го воведе претседателскиот систем. Со ова се укинува премиерската функција, а претседатлот Реџеп Таип Ердоган добива право да именува и да менува министри и други јавни функционери без одобрување од парламентот. „Ројтерс“ укажува дека турската влада досега издала неколку декрети заобиколувајќи го парламентот откако во земјата е воведена вонредна состојба по обидот за пуч во 2016 година. Ердоган вети дека ќе ја укине вонредната состојба по изборите што се одржаа на 24 јуни.
Промените во последниот декрет ќе стапат на сила кога Ердоган ќе положи заклетва во парламентот на 8 или 9 јули.