Мотоциклист повреден во сообраќајка кај Трпејца

Полицијата информира дека вчера во 13:30 часот на регионалниот пат село Трпејца – село Отешево, Охридско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сим-јет“ управуван од Д.Ц. (25) од Охрид и возило „фолксваген пасат“ управуван од Т.П. (37) од село Карамани, Битолско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од каде што бил пренесен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави