Најмалку 24 луѓе загинаа во близина на брегот на индонезискиот остров Сулавези при вчерашното потонување на траект.
Спасувачките екипи пронашле 74 преживеани, а за уште 41 човек се уште се трага.
Вкупно 139 патници и 48 возила имало на траектот за време на несреќата.
Траектот сообраќал од Сулавеси до соседниот остров Селајар, кога почнало да дува силен ветер и големи бранови.
Спасувачката мисија била отежната поради невремето.
Несреќата се случи откако минатиот месец потона претоварен тракет во индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 луѓе.
Во Индонезија често се случуваат бродски несреќи бидејќи не се почитуваат безбедносните прописи.