Во минатото тие биле наречени „леб од пустината“. Сега е докажано дека урмата слично како сувото грозје и бадемите спаѓа во непроценливо корисните намирници.
Урмите растат во огромни гроздови на палмите. Поради нивните корисни својства арапските земји секојдневно ги консумираат. Урмите лесно се берат, чуваат и транспортираат, па така тие се лесно достапни во сите продавници ширум светот.
Природните шеќери кои ги содржат во себе се во облик на глукоза и фруктоза. Мелените суви урми потопени во вода во која претходно стоеле цела ноќ, претставуваат добар лек доколку сакате да го зајакнете срцето и неговите витални функции.
Урмите исто така претставуваат и многу ефикасен природен лек за мамурлак и многу ефикасен природен лек против стареење. Тие ги смируваат нервите, а научно е докажано дела слатките плодови поради големото количество на калциум, магнезиум и фосфор можат превентивно да делуваат и против ракот.
Урмите го зајакнуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, го регулираат варењето и го штитат стомакот од паразити и бактерии.
Освен консумирањето на целиот плод, од урмите можат да се направат и други производи, како џем, пасти за слатки и пити и сл. Сепак, треба да се води сметка за количеството кое го консумирате, особено доколку имате проблем со вишок килограми, бидејќи само една урма има 20 калории.