Италијанските медиуми деновиве тврдат дека Јувентус преговара со Реал Мадрид за купување на најголемата ѕвезда на „Кралевите“, Кристијано Роналдо.
Наводно од Јувентус биле подготвени да платат 120 милиони евра за услугите на Португалецот, а понудата наскоро ќе биде и официјално испратена.
После бројните шпекулации се огласи и поранешниот генерален директор на „Старата дама“, Лучијано Моџи кој изјави дека е сигурен дека Кристијано Роналдо веќе е нов играч на италијанскиот клуб.
„Роналдо веќе има потпишано за Јувентус. Тој ги помина медицинските прегледи во Минхен. Сите сакаа тоа да биде направено во тајност и се чини дека успеаа во тоа. Сепак, моите извори открија дека се е завршено и тој е нов фудбалер на Јувентус“, изјави Моџи.