Автомобил удри во жена на паркинг во Скопје

Жена на возраст од 49 години се здоби со тешки телесни повреди поради удар од возило на паркинг-простор улицата „Отокар Кершовани“ во Скопје.

„Патничко возило ‘пежо 206’со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.И. (40) од Скопје, удрило во пешакот А.Б. (49) од Вировитица, Република Хрватска, со престој во Република Македонија. Од ударот А.Б. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ – Скопје“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави