За само неколку минути направете здрав и освежувачки напиток кој ќе ви ја поврати енергијата…
Состојки:
– 50 гр овесни снегулки
– фруктоза
– кокосово брашно
– сусам
– банана
– портокал
– киви
– коријандер
– нане
Подготовка:
Во блендер ставете ги овесните снегулки, па кокосовото брашно и фруктозата и се ситно сомелете. Добиениот прав помешајте го со вода и повторно блендирајте. Така ќе го добиете растителното млеко кое е главен елемент на овој шејк.
Во него додадете зачини како цимет, коријандер, а потоа и мелениот лен, бананата, портокалот и кивито. Сервирајте во стаклена чаша со неколку коцки мраз и уживајте во овој здрав оброк.