Покрај аеробик, сите треба да правиме вежби за зајакнување на мускулатурата, стои во новиот извештај, кој го објавија доктори од Англија.
Најголем број на луѓе не работат доволно на зајакнување на мускулите и коските.
Тие објавија извештај, во рамките на кој нудат совети, за тоа како луѓето да го забават стареењето со адекватни вежби и во кој, објаснуваат зошто е важно да се прават вежби за зајакнување на мускулатурата.
Поголемиот дел од луѓето се свесни за тоа колку е важно да се прават аеробик вежби за здраво срце и здрави бели дробови, но не се свесни дека исто така мораат да работат и на вежби за сила.
Сите мораме да правиме вежби за зајакнување на мускулите, барем два пати во неделата. Дигањето тегови е еден начин за тоа, но активностите како тенис или танц се исто така прифатливи.
Активности кои најмногу ќе ви помогнат за зајакнување на мускулите, а воедно и коските се:
– Спортови со топка.
– Спортови во кои се користи рекет.
– Танц.
– Нордиско одење (прошетка со стапови, со кои покрај вежбање на нозете, го зајакнувате и горниот дел од телото).
– Тренинг со справи кои даваат отпор (користење тегови).
Јогата и велосипедизмот се исто така добри за коските, мускулите и рамнотежата.
Само еден од тројца мажи и една од четири жени, работат доволно вистински вежби за да бидат силни и здрави, тврдат експерти.
Експертите им советуваат на младите луѓе да ја зајакнуваат мускулатурата, бидејќи формирањето на мускулите го достигнува врвот во триесеттите години.
На постарите лица им се препорачуваат вежби, со цел да го зачуваат здравјето и да го забават природниот тек на опаѓање на физичката подготвеност.
Возрасните лица е потребно да вежбаат:
– Најмалку 150 минути неделно умерени аеробик активности, како што е брза прошетка.
– Вежби за зајакнување на мускулатурата, барем два пати неделно