Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Попладне, главно на североисток и северозапад ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степена.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 34 степена.
За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.