Овој хранлив зеленчук со мала енергетска вредност значително придонесува за зајакнување на имунитетот, но исто така ја поттикнува и работата на црниот дроб и жолчката…
Како најдобра одбрана од инфекции и вируси, ротквата е незаменлива во текот на ледните денови поради големиот број на лековити својства. Овој хранлив зеленчук со мала енергетска вредност значително придонесува за зајакнување на имунитетот, но исто така ја потттикнува и работата на црниот дроб и жолчката.
Црната ротква се користи во случај на инфекции, кај пореметувања на работата на жолчното кесе. Таа содржи протеини, јаглени хидрати, масти, целулоза и многубројни минерали. Поради мирисот и вкусот, во исхраната главно се користи како средство кое го поттикнува апетитот. Црната ротква се користи и во народната медицина, каде е позната како природен лек за проблемите со варењето, додека тоникот од црна ротква се користи за прочистување на црниот дроб.
Од друга стана, белата ротква во Јапонија ја нарекуваат и чистач на телото бидејќи го чисти организмот од холестерол и триглицериди. Освен тоа, претставува и активен диуретик кој го топи песокот и камењата, придонесува за варење на мастите, го смирува бронхитисот, ја отстранува кашлицата и ја стимулира работата на жолчката. Белата ротква исто така помага во варењето на цели житарки и мастите од животинско потекло. Со помош на состојката рафанол, која претставува етерично сулфурско масло, делува и на излачувањето на слузта од дишните органи, поради што сокот или сирупот се препорачува при бронхитис, настинка и кашлица, а содржината на лизоцин делува антибактериски.
Сокот ја нормализира работата на жолчното кесе
Сокот од црна ротква го подобрува производството на жолчката, ја зголемува нејзината проодност, ги разложува каменчињата, и ја нормализира работата на жолчното кесе. Освен сок, изренданата црна ротква може да се консумира и во облик на салата или помешана со маслинка, јаболка, кисели краставички, маслиново масло или кисело млеко.