Груевски го одбрани докторатот, Боркица не дојде на одбраната
Денеска на Економскиот факултет во Скопје, екс премиерот Никола Груевски го бранеше докторатот пред петчлената комисија од професори.
„Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање – рече Груевски во презентирањето на докторатот.
Презентацијата на докторатот траеше еден час. Меѓу присутните беа неговите две ќерки и мајка му Нада Груевска, а бранењето на докторатот не го слушаше неговата сопруга Боркица.
Еден од професорите во комисијата ја прочита и биографијата на Груевски, осносно неговата долга кариера како економист, а не го изостави и лидерството во ВМРО-ДПМНЕ и десетгодишната премиерска функција.
На медиумите не им беше дозволено ниту да фотографираат, ниту да снимаат инсерти во салата.