Во кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за изборни нерагуларности во случајот на специјалното јавно обвинителство „Титаник 2″.
Во судницата беа пуштени две бомби. Во едниот разговор ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков му се јавува на пратеникот Мендух Тачи и му вели да гласаат за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во Струмица. „Еве сега се јавувам одма за минута“, му вели Тачи на Мијалков. Обвинетиот Бедредин Ибраими, поранешен член на Државната изборна комисија, се пожали дека преводот на бомбите од албански јазик не бил точен.
Предметот „Титаник 2“ е во фаза на доказна постапка и се изведуваат предложените докази од обвинителството. Во предметот се обвинети Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски. Сите обвинети во „Титаник 2“, освен Мијалков, се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, а ексдиректорот на УБК ќе одговара за кривичното дело примање награда за протизаконито влијание.