Откако топ тема стана можниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, во целата трансфер сага сега ќе се вклучи и неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед.
Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека Роналдо најверојатно ова лето ќе се пресели од Реал Мадрид во Јувентус, а италијанскиот клуб за услугите на Португалецот ќе плати околу 100 милиони евра.
Сега, како што пренесуваат англиските медиуми, во трката ќе се вклучи и Манчестер Јунајтед, а со оглед на тоа што Англичаните најверојатно ќе понудат повеќе пари за Роналдо, Флорентино Перез секако дека ќе ја разгледа и таа понуда.
Сите поголеми англиски медиуми денес тврдат дека Јунајтед ќе се обиде да ја искористи ситуацијата сега кога веќе Роналдо наводно решил да го напушти Мадрид и ќе испрати повисока понуда на адресата на Реал.
Роналдо се поврзувал со враќање во Јунајтед и пред да се појават шпекулациите за негов трансфер во Јувентус, а подобрата финансиска позиција сега „Црвените Ѓаволи“ ќе се обидат максимално да ја искористат.