Пет начини да го надминете стравот од летање со авион

Една од најчестите фобии е стравот од летање и паника, штом ќе почувствуваме дека не се наоѓаме безбедни на површината на земјата.

 

Ако и вие го чувствувате овој страв, не сте единствените, меѓутоа постојат начини кои ќе ви помогнат, пред пат што помалку да размислувате околу тоа дали ќе го преживеете летањето.

1. Прво научете што се тоа турбуленции

При секоја турбуленција, вие чувствувате тежина во градите, бидејќи мислите дека авионот се руши и нешто не е во ред. Имено, турбуленциите се нешто како дупки на патот, апсолутно нормална работа. Исто како што во колата не ви е проблем кога поминувате низ пат преполн со дупки, така не би требало да ви сметаат ниту турбуленциите.

2. Не избегнувајте летање со авион

За сите фобии многу е карактеристичен стравот од непознатото, а најдобар начин да го излекувате тој страв е токму да се впуштите во непознатото. Поради тоа гледајте што повеќе да летате со авион и не ги избегнувајте патувањата кои подразбираат ваков транспорт. Така, малку подобро ќе навлезете во тематиката на летањето и ќе се чувствувате покомфорно.

3. Концентрирајте се на дишењето

За да избегнете потенцијални напади на паника, обидете се да го прилагодите вашето дишење и да бидете концентрирани на нормален ритам. Вдишувањето нека трае четири секунди, задржувањето на воздухот четири секунди, а исто толку треба да трае и издишувањето. Исто така, окупирајте го своето внимание, па земете си некоја книга која ќе ве релаксира или гледајте некој филм, за времето побргу да ви помине.

4. Не читајте лоши вести

Наместо да го следите маратонот, посебно пред патување, фокусирајте се на убавите работи, па така истражувајте што повеќе за дестинацијата до која летате. Од друга страна, статистиката зборува само во прилог на авионскиот сообраќај, па така летањето, во однос на патувањето по патиштата е побезбедно дури 6 илјади пати.

5. Помирете се со тоа дека немате контрола врз нештата

Ако сте лице кое сака сите работи да ги држи под контрола, тогаш воопшто не е за чудење фактот дека летањето е многу непријатно искуство за вас. Меѓутоа, целта е да сфатите дека вие не можете да управувате со целата ситуација, односно дека сега целата контрола е во рацете на пилотите. Па, кога веќе не можете ништо да промените, обидете се да се опуштите.

Треба да знаете
Последни објави