Се чини дека агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш индиректно потврди дека неговиот клиент ќе го напушти „Кралскиот клуб“.
Роналдо се поврзува на големо со Јувентус во последните неколку денови, а според најновата изјава на Мендеш, Португалецот веќе и започна да се збогува со „Кралевите“.
„Ако Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, ќе биде неизмерно благодарен на клубот, претседателот, соиграчите, медицинската екипа, навивачите и на сите мадридисти ширум целиот свет. Тоа ќе биде само поради нова фаза и нов предизвик во неговата кариера“, изјави Мендеш.
Да потсетиме, и самиот Роналдо после финалето од Лигата на шампионите изјави дека можно е да го напушти Реал Мадрид, но потоа на прославата на титулата им порача на фановите „се гледаме идната сезона“.