Претепани мајка и бебе со тешки повреди примени на Ургентен во Скопје
Претепани мајка и ќерка. Како што информитаат од МВР, вчера во 12.45 часот. телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје од Ургентен центар Скопје е пријавено дека кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото, и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.