Пивото, веројатно е алкохолниот пијалак со најдолг „стаж“ во човековата историја. Бројни научни истражувања сведочат за позитивното влијание на едно пиво дневно, кое има благородно дејство врз циркулацијата, крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта.
Една од најинтересните работи при истражувањето на влијанието на пивото на организмот, всушност е односот помеѓу умерената консумација и долговечноста на луѓето.
Во 2013 година едно истражување кое за прв пат го проучи влијанието на овој популарен пијалак врз долговечноста.
Истражувајќи го влијанието на пивото врз гените, научниците дојдоа до интересни заклучоци. Имено, истражувањето покажа дека со пиење на пиво доаѓа до продолжување на теломерите.
Теломерите се составен дел од хромозомите на гените, кои, ако значително се скратат, доведуваат до смрт на клетките.
До продолжување на теломерите, доаѓа при внесување на количината на етил-алкохол присутна во едно пиво (5 до 7 отсто).
Најново истражување, спроведено на Универзитет во Калифорнија, даде дополнителен поттик за умерена консумација на пиво.
Истражување, на кое се работеше полни 14 години, го проучуваше животниот стил на 1.700 луѓе постари од 90 години.
Истражувачите открија дека лицата кои дневно пијат две чашки пиво, имаат 18 отсто помал ризик од прерана смрт.