Тајланд: Спасени уште три деца, вкупно осум се надвор од пештерата

Спасувачките екипи во Тајланд денеска извадија уште три од 12-те деца кои заедно со нивниот тренер по фудбал беа заглавени во поплавена пештера. Со ова, бројот на деца спасени од пештерата се искачи на осум.

Спасувачите во провинцијата  на северот на Тајланд влегуваат во пештерата со шишиња кислород и маски за децата, кои потоа ги извлекуваат со помош на јаже кое минува низ кривулестите и тесни премини долги неколку километри.

Спасувачката акција е комплицирана од тоа што дел од децата се непливачи, и мораа да бидат обучувани од страна на тајландски и странски нуркачи пред да се направи обидот за нивно спасување.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

 

Треба да знаете
Последни објави