Во текот на изминатите денови на подрачјето на Скопје се случиле 28 сообраќајни незгоди од кои четири со тешки телесни повреди, 12 со телесни повреди и 12 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со тешки телесни повреди а 18 лица со лесни телесни повреди. Потоа, санкционира ни се 181 возач бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени и 35 возачи: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 29-мина бидејќи возеле без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица затоа што биле возачи почетници.
Исто така санкционирани се четворица возачи кои поминале на црвено светло, двајца затоа што недале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престорил и 22 не користеле заштитен шлем. Покрај ова, од сообраќај се исклучени 27 возила бидејќи 23 биле нерегистрирани а четири возила – технички неисправни.
Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и тројца кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 150 мандатни платни налози, додека пак 117 возила се подигнати со “Пајак”.