Митови за здравјето во кои не треба да верувате

Кога станува збор за здравјето и нашето тело, постојат многу митови во кои повеќето од нас веруваат. Меѓутоа, поголемиот дел од нив се само митови, во кои едноставно треба да прекинеме да веруваме.

 

Витаминските додатоци во исхраната го чуваат здравјето

Многумина сметаат дека со витамински додатоци во исхраната можат да го зачуваат своето здравје, но витамините во таблети често не можат да се апсорбираат или делумно се апсорбираат. Поедноставно е да се внесуваат витамини од природни извори, како што се овошје, зеленчук, месо и јајца. Овој начин секако е и многу поздрав.

Алкохолот ги уништува мозочните клетки

Прекумерната количина на алкохол може да го поремети метаболичкиот процес во телото, па да доведе до недостаток на кислород, што може да ги оштети клетките во мозокот, но нема да ги уништи. Значи, прекумерната консумација на алкохол е навистина штетна, но една чашка вино нема да го загрози вашето здравје.

Шеќерот предизвикува хиперактивност кај децата

Овој мит не е вистина, бидејќи не е проблем само во шеќерот, туку во која било храна што доведува до вишок на килограми. Меѓутоа, децата најмногу сакаат слатки, а шеќерот бргу се вари, па веројатно затоа го поврзуваат со хиперактивност.

Антибиотиците лекуваат сѐ

Многу луѓе мислат дека антибиотиците лекуваат настинка, инфекции и вируси. Вистина е дека антибиотиците се ефективни лекови, но дејствуваат само во борба со бактериите. Кога станува збор за вируси, тие немаат никаков ефект.

Мораме да имаме 8 часа сон

Вистината е дека сите се разликуваме, па така и нашата потреба за спиење е поинаква. Иако препорака е да се спие по 7 часа навечер, постојат и луѓе на кои им се доволни и само 5 часа. Потребата за сон може да биде и генетски одредена, или пак може да зависи од начинот на живот и распоредот на дневни активности.

Треба да знаете
Последни објави