Тешка сообраќајка на локалниот пат с.Радишани-с.Љуботен

Тешка сообраќајка на локалниот пат с.Радишани-с.Љуботен

На 07.07.2018 година во 19,30 часот на локалниот пат с.Радишани-с.Љуботен кај место викано “Ризова чешма“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.З.(21) од Скопје и патничко моторно возило “Мерцедес А“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Ј.(47) од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатник на возраст од 17 години од возилото “Фолксваген Голф“ додека со телесни повреди се здобил возачот на “мерцедесот“ Х.Ј. како и двајца негови сопатници на возраст од по 12 години. Возачот на „голфот“ С.З.  бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави