СОСТОЈКИ:
100 гр брашно
100 гр шеќер
прстофат сол
2 лажички прашок за печиво
3 јајца
4 лажици слатко од јагоди (или друг вкус, по ваш избор)
2 лажици шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте брашно, шеќер, сол и прашок за печиво. Додајте јајца и сè измешајте. За сè ова се потребни само 2 минути! Намастете плех, ставете хартија за печење, ставете го тестото и печете 6 минути на 180 степени.
За тоа време во тенџере загрејте слатко. Ви останува само уште минута работа – печеното тесто извадете го од плех, тргнете ја хартијата, па веднаш намачкајте го со топло слатко, свиткајте во ролат и посипете со шеќер во прав.