Баран преку Интерпол уапсен на граничен премин Табановце
На Граничниот премин „Табановце“ во неделата, при влез во Р.Македонија поради распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол Букурешт, со цел негова екстрадиција во Романија, од слобода бил лишен С.М.(55) од Р.Србија.
Истиот бил предаден во Основното јавно обвинителство Куманово и Основниот Суд-Куманово за понатамошна постапка.