Дали кафето навистина е лек за мамурлак?

Кога ќе се разбудат мамурни, многу луѓе спасот за отрезнување го бараат во кафето. Но, дали навистина кафето има таков ефект?

 

За жал, научниците открија дека кофеинските пијалаци воопшто не помагаат во ублажувањето на мамурлакот.

Професор од Лондон, откри дека нивото на алкохол во крвта не се намалува при пиење на шолја јако кафе.

Кофеинот може да поттикне будност, но во координацијата и другите моторички способности и понатаму ќе влијае алкохолот, кој го имате во крвта.

Професор спроведе експеримент, со цел да ја тестира оваа теорија.

Тој повика пет студенти и им даде да пијат вотка и тоник, кои содржат доволно алкохол, за тие да можат да го почувствуваат неговото дејство.

Групата, потоа било потребно да направи еден едноставен тест, со кој ќе го покаже влијанието на способноста око-рака: Било потребно мало метално квадратче да го поместуваат околу жица, а да не ја фатат.

Тие паднале на тестот и биле видно пијани.

После пет минути им било донесено кафе, а потоа повторно било потребно да го направат тестот.

Иако учесниците се чувствувале будно, повторно паднале на тестот. Професорот открива дека мерењето на количината на алкохол во крвта, покажало дека количината на алкохол е иста како и после пиењето на кафе.

Поточно,  постои само еден начин да се отрезните – да чекате.

„Од некои други истражувања знаеме дека кафето е „противотров“ за алкохолот. Се вели дека со пиењето на кафе ќе се чувствувате помалку уморно, како и дека се намалува нивото на алкохол во крвта. Но, единствено нешто што може да ве отрезни е да почекате да помине дејството на алкохолот“, вели тој.

Мос исто така, вели дека не постои ништо што можете да се напиете за побргу да се отрезните.

„Многу луѓе веруваат дека пиењето вода може да помогне во тоа, но повторно ќе кажам, ништо не може да го забрза тој процес, преку кој црниот дроб ослободува алкохол во крвотокот“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави