г.г Стефан во посета на црквите во општините Бутел и Гази Баба
Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г Стефан и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски и градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски, беа во посета на црквите во Булачани, Раштак и Љуботен.
Овие цркви се едни од постарите во овие региони кои според мештаните датираат од 14 век.
Ѕидовите се испукани, таваните прокиснуваат а фреските се избледени, затоа заедно со поглаварот г.г Стефан и градоначалниците на двете општини се обврзаа со сите расположливи средства за рестравација на црквите се со цел за го заштитат нашето културно-историско наследство соопштија од кабинетот на градоначалникот на општина Гази Баба.