Денеска клучното сведоштво за нападот врз Николa Саздовски

Денеска во Основното јавно обвинителство-Скопје се очекува да даде исказ клучен сведок кој бил присутен во моментот кога бил нападнат младиот Никола Саздовски – Саздо кој вчера почина на Скопската клиника.

 

Од Обвинителство потенцираат дека по тој исказ, но и по резултатите што ќе ги добијат по обдукцијата, најверојатно ќе отворат истрага со поинаква правна квалификација на кривичното дело.

Дваесет и едногодишниот Саздовски, кој крвнички беше претепан на 29 јуни во скопската населба Автокоманда, по десетина дена поминати во кома , вчера рано наутро им подлегна на повредите.

Од Министерството за внатрешни работи вчера рекоа дека за случајот две лица се уапсени и им е одредена мерка притвор, додека по едно се трага.

Треба да знаете
Последни објави