„Ако не бидеш моја, ќе ги објавам голите фотографии“ – млада девојка преживува хорор
Млада девојка од Кочани преживува хорор, 46-годишен маж и се заканува. Како што стои во билтенот на МВР, вчера година во 20,30 часот во Полициската станица Кочани 20 годишна девојка од Кочани пријавила дека во периодот од ноември лани до моментот на пријавување, од страна на М.Л.(46) од Кочани во неколку наврати, со сериозна закана дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, била присилувана да имаат сексуални односи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.