Марш во Скопје за сеќавање на геноцидот во Сребреница
По повод одбележувањето на 11 јули, денот кога се случија масовните убиства во Сребреница, Бошњачките организации во Македонија денеска ќе одржат марш насловен „Сеќавање на геноцидот во Сребреница“.
Маршот ќе се реализира во време од 17 до 18 часот, а појдовна точка е парк Чаир кај Веро по улицата „Цветан Димов“ – Битпазар и старата скопска чаршија – Мурат пашина џамија – стоковна куќа Мост – преку Камениот мост до плоштад „Македонија“.
На плоштадот предвидена е изведба на перформанс и читање на годинашната декларација.