Полицијата уапсила две групи крадци од Скопје, информираше МВР.
Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје поднесе две кривични пријави, првата против Н.С. (27), О.С. (22), и М.Н. (29) и втората против С.Б. (31), А.З. (40), Е.А.(33)сите од Скопје. Сите се осомничени дека во текот на минатиот и почетокот на овој месец извршиле осум кривични дела од областа на имотните деликти, при што оштетиле осум лица од Скопје, стекнувајќи се со вкупна противправна имотна корист од околу 220.000 денари.
Осомничените Н.С., О.С. и М.Н. во период од 15.06 до 02.07. во централното градско подрачје како и во населба Аеродром извршиле едно разбојништво и пет тешки кражби на особено дрзок начин, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 169.000 денари. Притоа, освен разбојништвото, кое го извршиле во ноќните часови и со заканa со нож, тројцата другите кривични дела ги извршиле во работен ден во пладневните часови, на отворен простор и на истоветен начин. Користејќи моторцикл и со движење од позади грб им приоѓале на оштетените, кои се движеле по тротоар или стоеле на автобуска постојка, им ги одземале чантите и мобилните телефони кои им биле во раце, по што бегале.
Извршен е претрес во домовите на пријавените каде што се откриени предмети што потекнуваат од извршените кривични дела. Н.С. и О.С. се лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица тие двајцата во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.
Осомничените С.Б., А.З. и Е.А. извршиле две тешки кражби во ноќните часови во саботата и во неделата во Градскиот парк. Откако со свое возило се паркирале до возило кое им било објект на напад, го кршеле задниот прозорец, по што од возилата одземале чанти, мобилни телефони, паричници, брендирана облека и друго. Тие се приведени во полициска станица, а извршен е и претрес во домовите на осомничените при што пронајдени се предмети што потекнуваат од извршени кривични дела.