Нешто брзо, лесно и вкусно.
СОСТОЈКИ:
1 тиквичка
100 гр. кашкавал
2 лажици соја сос
сол
бибер
100 гр. шунка
масло
ПОДГОТОВКА:
Тиквичката се мие и лупи, па се сече на средно тенки траки.
Се става во соја сос, сол и бибер, и се оставаат кратко да впијат.
Се сечат кашкавалот и шунката на тенки ленти.
На секоја тиквичка се става шунка и кашкавал, па се замотува ролна.
Се ставаат во сад за печење со масло и се печат 15 минути на 180 степени.
Може пред крај на печењето да ставите кашкавал горе и да запечете уште малку.