Видео од акцијата на македонската полиција во Ново Село каде е уапсен градоначалникот
Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев синоќа е приведен од полицијата.
Приведувањето го потврдија од СВР Струмица со соопштение.
Во него се наведува дека синоќа во близина на село Бадилен, од страна на полициски службеници, се запрени две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари.
-Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од село Ново Коњарево,биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.
При преземање на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од с.Самоилово, кој управувал моторцикл „Hamachi“ без регистарски таблици, инфрмираат од СВР Струмица.
При обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми, се додава во соопштението.
На местото на настанот е извршен увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител.
Лицата се лишени од слобода и се задржани во полицијата, а пронајдените кутии со цигари се одземени.