Седум години и шест месеци затворска казна доби дедото на Тамара, Љупчо Стојановски за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Судиката Софија Лаличиќ во образложението за пресудата меѓу другото рече дека за време на рочиштето, одбраната на обвинетиот била концентрирана кон недоверба кон институциите, а не кон барање правда.
Обвинителството побара продолжување на притворот до ивршување на почетокот на казната со образложение дека постои опасност обвинетиот да го доврши делото и да биде недостапен за органите на прогонот.
Одбраната најави жалба и побара поради здравствени проблеми на обвинетиот да се укине притворот до извршување на казната.
Според одбраната пресудата не е коректна бидејќи судот немал доволно докази за пукањето на пиштолот со тоа што и МВР потврдила дека обвинетиот немал барутни честички на раката.
Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство.