Според полицијата, во село Брвеница–Тетовско со наредба од Судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово, бил извршен претрес во стан и други простории кај 52-годиниот Ѓ.С.
Притоа биле пронајдени: еден пиштол марка „зброевка“ со калибар 7,65мм и еден сандак од муниција во кој имало пет мини и две рачни бомби. Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот Ѓ.С. е лишен од слобода.