Поканата од НАТО во рацете на Заев
Поканата на Македонија за НАТО и официјално врачена на премиерот Заев. Со свечено одбележување пред медиумите но и на заедничка прес- конференција Генералниот секратар на алијансата Столтенберг ја предаде во рацете на шефот на македонската влада Заев посакувајќи и успех на земјата но нарекувајќи го овој ден како важен камен темелник и за Македонија и за НАТО – Алијансата.
„Ова ќе биде важен ден за вашата земја и за НАТО. Денес е важен ден каментемелник во постигнувањето на целта. Знам дека компромисите беа тешки за двете страни но верувам дека договорот е во најдобар интерес. Ова беше одлучувачкуи пробив кој ги отвори вратите да станете полноправна членка.“ – изјави Јенс Столтенберг.
Премиерот Заев пак во изјавата рече дека поканата не е заслуга замо на оваа влада туку и на сите досегашни влади и политичари но и на граѓаните на земјата кои уште еднаш ги повика на референдум. Не пропушти прилика да им се заблагодари ниту на неговите колеги од Грција и Бугарија Ципрас и Борисов.
„Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните, признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска. Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан. Како идна 30 земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион“ – изјави Зоран Заев.
Кон крајот на јули – почетокот на август пак веќе се очекува во Македонија да пристигне експертскиот тим кој ќе работи во делот на техничките подготовки кои се однесуваат на пристапните преговори со НАТО . Дел од медиумите веќе објавија дека во игра се две имиња кои ќе ги водат преговорите на НАТО со Македонија. Едниот е помошникот на Столтенберг – Алваро Гонзалес а второто име кое се врти како можен преговараќ е административецот Џејмс Мекеј од оделот за политички и безбедносни прашања во Алијансата.
Во меѓувреме пак словенечкиот амбасадор во НАТО Јелко Кацин од Брисел порача дека само од граѓаните на Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Северно – атланскиот сојуз бидејќи ако се реализира во целост Преспанскиот договор – Грција нема да ги блокира процесите бидејќи тоа само по себе ќе значи и уставни промени без кои Македонија не може да стане членка.
„Одлуката во Грција е веќе усвоена, условите се на ваша страна, штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина, да не добиевме позитивна порака генералниот секретар немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори.“
Преговорите со алијансата се очекува да траат повеќе од 6 месеци кога се очекува да биде завршена и целата процедура во врска со договорот со Грција , а за ратификацијата и протоколот ќе биде потребна речиси една година. Односно целокупниот процес се очекува да трае околу 18 месеци.