Состојки:
1 кг брашно
250 мл млеко
1 квасец
150 гр зејтин
100 гр шеќер
1 паковка ванила
2 јајца
100 гр вода по потреба..околу 100 мл, зависи какво е брашното дали е меко и дали се расплеснува
1 јајце за премачкување
Подготовка:
За почеток во садот со брашното го додавате претходно стасаниот квасец и јајцата. Потоа ги додавате шеќерот, млекото и маслото, и месите. Ако тестото ви е тврдо додавате вода по потреба. Убаво обработено, тестото го оставате да одмори. Кога ќе се подкрене во садот, значи дека е готово за работа.
Го делите на два дела, за полесна работа иако не мора. Растегнувате кора со сукало со дебелина од еден прст и со модлата во вид на ноженце го сечете. Така подготвени за печење, ножињата ги редите во подмачкан плех. Печете на 200 степени.