Турчин ги бирал најубавите и ги терал на оргии, а по апсењето испрати бизарна порака
Турскиот ТВ проповедник Аднан Октар (62), водач на еден од озлогласените култови во таа земја е уапсен во својата вила во Истанбул.
Тој е уапсен под обвинение за криминал, измама, киднапирање, перење пари, искористување на верските чувства, уцена и сексуално злоставување.
На снимките може да се види Октар и неговите следбеници како полицијата ги води во болница на прегледи пред испитувањето. Полицијата трагаше по околу 234 негови следбеници поради истите обвиненија во неколку рации спроведени во пет градови.
Октар напиша неколку книги во кои го промовира креционизмот и теориите на заговори. По апсењето изјави: „Ова е британска завера’.
Чејлан Озгур, жената која учествуваше во неговите емисии, изјави дека побегнала од криминалната мрежа во 2017 година, откако таму поминала 10 години.
„Злоставуваат девојчиња од 7, 10, 14 или 17 години, а некои од нив неколку пати се силувани“, изјави своевремено таа.
Октар е казнет во февруари со прекин на емитување на неговата шоу – програма, во текот на која имал „исламски теолошки расправи“, опкружен со своите робинки, провокативно болечени жени кои имале направено пластични операции.