Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните од 28 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. В петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.