Градоначалникот Смилевски и СВР Скопје во кампања ’’ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ’’
ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ-Кампања за зголемување на свеста кај граѓаните.
Одделението за превенција при СВР-Скопје заедно со Градоначалникот на општина Бутел г-дин Велимир Смилевски, вчера информираа дел од учесниците во сообраќајот за опасноста од пожари кои се зачестена појава во текот на летниот период,а кои можат да бидат предизвикани само со еден фрлен отпушок од цигара.
Основната цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните ,преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните.