Младо момче од Кавадарци се повреди управувајќи виљушкар
Деветнаесетгодишен кавадарчанец се повредил денеска управувајќи виљушкар во Росоманско, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Повредениот е пренесен во Општата болница во Кавадарци каде му е контатирана тешка телесна повреда.
По укажаната медицинска помош, повредениот е пуштен на домашно лекување.