Темелно се чисти населбата Хром
Општина Ѓорче Петров информира дека во изминатите два дена комуналните работници интензивно работат на чистење на населбата Хром.
Се собира ѓубрето, се метат улиците и се косат тревните површини.
-Во текот на двата дена се врши темелно чистење на Хром. Службите на општина Ѓорче Петров, во рамки на оваа акција, работат и на косење на површините каде што има потреба од интервенција, посочуваат од општината.