Ужасната сообраќајка во која загинаа три тинејџерки кај Сараево
Во страшна несреќа која на крајот на јуни се случи на сараевската обиколница загинаа три млади девојки, а момчето кое го возеше џипот БМВ вчера му е одреден едномесечен притвор.
Трагедија се случи на 29 јуни на автопатот А-1 Сараево- Зеница, кога автомобилот кој од возачот беше возен пребрзо сврти на десно, излезе од автопатот и удри во заштитна метална ограда и метален столб, носач на собраќајната сигнализација.
Во загинаа 18 годишната Ајла Ибриќ, една година помалата Лејла Оруч и 16 годишната Наџа Нерадин.
Автомобилот го возел нивниот другар од детството Алмир Ејубовиќ, кој возел нерегистрирано моторно возило марка БМВ Х5.
Во видеото кое се појави на интернет снимен е моментот кога возилото удри во металниот столб.