Лемурите прогнозираа кој ќе победи на Светското првенство

Постојано слушаме за животни од целиот свет кои предвидуваа победници на светски и европски првенства во фудбал. Најпознат прогнозер беше октоподот Пол, а неодамна сибирскиот тигар  во Краснојарск предвиде победник во полуфиналето на Светското фудбалско првенство.

Во Скопје како највесели прогнозери се покажаа лемурите. Кај овој вид на примати владее матријархат, односно главни се женките, па затоа и не е чудно што за светски шампион во фудбал типуваше женка лемур.

Нашата прогнозерка предвиде дека победник на Светското фудбалско првенство ќе биде Хрватска. Дали нејзините прогнози ќе се остварат, останува да видиме во недела.

Треба да знаете
Последни објави