По официјалната потврда за пристигнувањето на Роналдо во редовите на Јувентус и потписот за најголемиот италијански клуб, се очекува и негово претставување во јавноста, кое треба да се случи некаде околу следната недела.
Поради тоа, шпанските медиуми експресно реагираа со фотографијата од соблекувалната на Реал Мадрид да покажат дека шкафчето на Португалецот е експресно испразнето и дека ја чека новата ѕвезда која треба да го замени Роналдо.
Но, Роналдо воопшто не се замара за целата ситуација и откако го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувентус, се упати на одмор со неговата фамилија во Грција.