СОСТОЈКИ:
500 мл. слатка павлака
300 мл, кисела павлака
250 гр. еурокрем
300 гр. мелени бисквити
300 гр. малини
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во вангла се става пола литар слатка павлака и се мати да биде цврста.
Потоа, се става 300 милилитри кисела павлака и се мати со миксер да се соедини.
Добиената смеса се дели на три еднакви дела.
Во едниот се става еурокрем и се мати со миксер, па во вториот фил се ставаат мелени бисквити, а во третиот малините, кои се матат со лажица.
Се зема калап и се става фолија.
Се става од филот со еурокрем на дното и се израмнува, потоа филот со малини, па со бисквити.
Се убаво се израмнува во садот.
Се лади и потоа се декорира по избор.