Со тетката играл лото и освоиле милион долари, но тогаш следуваше шок…

Со тетката играл лото и освоиле милион долари, но тогаш следуваше шок…

Канаѓанката Барбара Редик и нејзиниот внук Тајрон Мекинис заедно изиграа лото и среќата им се насмевна широко, барем на некое време.

Иако заедно позираа со освоените 1,2 милиони канадски долари, Барбара на младиот роднина му порача дека од наградата нема да добие ништо.

„Никогаш не му ветив дека ќе ја поделиме добивката. Одиме на суд, ќе ангажирам адвокат“, порача пред изненадените посетители на церемонијата на која им е врачен добитниот чек.

Видно изненадениот Тајрон тогаш порача дека Барбара лаже и дека зедно го одиграле лото ливчето и договориле да ја поделат добивката ако освојат нешто, но таа му скрцка: „Ништо не се договоривме, само го ставив неговото име на ливчето зошто ми е како син“.

Додаде дека му ветила дека ќе поделат евентуална помала добивка, а не џекпотот.

Иако „и е како син“, му порача: „Имаше тој среќа, но не би му дала половина милион долари“.

 

 

Треба да знаете
Последни објави