Осум мигранти, од кои поголемиот број деца, се задушија во бродски контејнер полн со мигранти во градот Зувара, соопштија либиските власти.
Градските безбедносни служби објавија дека шест деца, жена и маж, биле меѓу 100 мигранти во заклучениот контејнер подолго време. Останатите мигранти биле пренесени во болница.
Ова е последна трагедија во Либија каде трговијата со луѓе е во пораст поради беззаконието кое владее од побуната во 2011 година во која беше убиен долгогодишниот лидер на земјата, Моамер Гадафи.